Средба Радев-Бар-Зоар: Историјата за спасувањето на бугарските Евреи треба да биде промовирана на меѓународно ниво
Бугарскиот премиер Румен Радев на 27 јули се сретна со израелскиот историчар и политичар, проф. Михаел Бар-Зоар. На средбата се разговарало за можностите за промовирање на спасувањето на бугарската еврејска заедница за време на Втората светска војна, меѓу другото и преку филмската индустрија, јавува прес-центарот на бугарската Влада.
Радев го истакнал значајниот придонес на проф. Бар-Зоар во зачувувањето и афирмирањето на историската вистина за овој хуман чин на Бугарија, како и во спречувањето идеолошки и тенденциозни наративи да го искривуваат и омаловажуваат.
Заеднички било оценето дека спасувањето на бугарските Евреи претставува исклучителен пример за човечност и толеранција во Европа и дека е важно оваа приказна да биде раскажувана и подобро позната на меѓународно ниво.
Бугарскиот премиер нагласил и дека генерации Бугари чувствуваат длабока благодарност кон проф. Михаел Бар-Зоар поради неговите напори за зачувување на историската меморија и за претставување на вистината дека Бугарија не дозволила нејзината еврејска заедница да биде депортирана во логорите на смртта за време на Втората светска војна.
