|

ЦИПРАС: МИЦОТАКИС ЌЕ ГО МОЛИ МИЦКОСКИ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот.

Лидерот на СИРИЗА додаде дека Мицотакис ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што веќе е потпишан.

Ципрас му порача на Мицотакис да не тргува со патриотската чувствителност на Грците.

Слични Објави