Неготинскиот Црвен крст монтира тријажен шатор пред Здравствен дом Неготино, за пациенти кои се позитивни на коронавирус.
Како што информира секретарот Тошко Настов, тој ќе биде со клупи и греење, а е наменет за чекална на пациенти кои се позитивни на коронавирус, со полесна клиничка слика и чекаат да примат соодветна терапија.
– Ние сме дел од Кризен штаб – Неготино и излегуваме во пресрет на барањата на Здравствениот дом. Стоиме на располагање да помогнеме на кој било начин, во рамките на нашите можности, рече Настов.