|

ЦУК: 11 пожари на отворен простор, активни 7, изгаснати 4

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на 21 август 2025 година, до 13:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, а 4 се изгаснати.

Активни пожари (7):
  1. Општина Македонски Брод – повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
  2. Општина Струга – с. Подгорци (нискостеблеста шума)
  3. Општина Долнени – с. Лажани (ниска вегетација)
  4. Општина Прилеп – с. Беловодица, место викано Ливада, и с. Лењиште (букова шума)
  5. Општина Боговиње – с. Оловјане (ниска вегетација)
  6. Општина Студеничани – с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
  7. Општина Студеничани – с. Горно Количани, планински врв Китка (мешана шума)
Изгаснати пожари (4):
  1. Општина Маврово – Ростуше – с. Церово (нискостеблеста шума и сеча)
  2. Општина Ѓорче Петров – с. Орман (ниска вегетација)
  3. Општина Струга – с. Велешта и с. Белица (стрниште)
  4. Општина Липково – с. Слупчане и с. Ваксинце (стрниште)

Од ЦУК потенцираат дека надлежните служби се постојано на терен и работат на локализирање и гаснење на активните пожари.

Слични Објави