ЦУК: Вкупно 15 пожари на отворено – поголемиот дел изгаснати
На територијата на Република Северна Македонија до 18:30 часот се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се ставени под контрола, а девет се изгаснати, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се следните пожари:
Во општина Чашка, над село Богомила, каде што гори мешана шума.
Во општина Куманово, во атарот на село Слупчане, каде што е зафатена нискостеблеста шума.
Во општина Студеничани, село Дречавица, каде што гори шумски терен во планинска област.
Во општина Македонски Брод, село Грешница, каде што е зафатена деградирана нискостеблеста шума.
Под контрола се следниве пожари:
Во општина Долнени, село Стровија, во близина на локалитетот Гајдарец-Клепало.
Во општина Желино, село Церово, каде што е зафатена мешана шума.
Изгаснати се девет пожари:
Во општина Берово, на планината Готен кон Малешевските планини, каде што гореле бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Во општина Брвеница, село Милетино, каде што биле запалени ниви.
Во општина Струмица, село Доброшинци, каде што горела депонија.
Во општина Гевгелија, село Прдејци, каде што била опожарена деградирана ниска вегетација.
Во општина Куманово, локација Стара Циглана.
Во општина Крушево, кај градските гробишта.
Во општина Долнени, село Дебреште, каде што гореле депонија и нискостеблеста вегетација.
Во општина Струга, село Долна Белица.
Во општина Студеничани, во близина на мостот на Маркова Река.
Од граѓаните се бара максимална претпазливост и одговорно однесување во природа, како и итно пријавување на евентуални пожари на бесплатниот број 112.

