ЦВЕТАНОВ: ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА РЕГИОНОТ

Претседателот на македонското собрание Талат Џафери се сретнал со заменикот на Бојко Борисов во партијата ГЕРБ, Цветан Цветанов за време на Балканскиот молитвен појадок во Тирана. Првиот човек на македонското собрание дал висока оценка на Договорот за добрососедство со Бугарија, а Цветанов од своја страна додал дека договорот, освен што е голем напредок во меѓусебните односи на двете земји, е и гаранција за безбедноста на целиот регион.

Од прес центарот на партијата ГЕРБ јавуваат дека нивниот лидер се сретнал и со сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, г-ѓа Вилма Трајковска. Двајцата разговарале за моменталната политичка ситуација на Балканот и позитивните тенденции што се појавија по преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Бугарија. Г-ѓа Трајковска ја изразила својата благодарност за напорите на Бугарија, земјите од Западен Балкан да имаат заедничка иднина во семејството на ЕУ.