Цветанов пред БГНЕС: Ја нападнав Арсовска затоа што го криеше бугарскиот пасош, Бугарите треба гордо да го истакнуваат своето чувство
„Јас имам роднини во моето семејство кои се сметаат за Бугари и го почитувам тоа. Јас се чувствувам Македонец, како што се чувствуваат и 90% од луѓето што ги познавам. Тие што се чувствуваат Бугари нека го истакнат тоа гордо“, изјави во интервју за БГНЕС Ване Цветанов, претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата.
Изјавата на Цветанов доаѓа како одговор на прашањето на БГНЕС, зошто тој ја нападнал Данела Арсовска заради нејзиниот бугарски пасош на минатите локални избори во РС Македонија, ако како што вели тој менталитетот во РС Македонија и во Бугарија е многу сличен.
Цветанов објаснува дека ја нападнал Арсовска заради тоа што таа го криела своето бугарско државјанство.
Инаку Цветанов денеска беше начело на делегација во Софија која води разговори со раководството на бугарската Комисија за јавен надзор врз регистрираните ревизори со претседател проф. д-р Огњан Симеонов.
Во интервјуто за БГНЕС Цветанов истакнува уште дека РС Македонија ќе го искористи бугарското искуство во однос на Законот за ревизија бидејќи менталитетот во двете земји бил многу сличен и поради фактот што Бугарија е земја членка на ЕУ.
