Д-Р МИЛЕН ВРАБЕВСКИ И НЕГОВАТА ФОНДАЦИЈА „БУГАРСКА ПАМЕТ“ ДОНИРАА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ЛЕКАРИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО И СТРУМИЦА

//

Бугарскиот мецена д-р Милен Врабевски и неговата фондација „Бугарска памет“ донираа заштитна медицинска опрема за македонските лекари кои се на првата борбена линија против корона вирусот.

„Денеска со помош на Амбасадата на Северна Македонија, 5.000 заштитни маски, 200 заштитни одела и 200 пара визири беа испратени до колегите на првата линија на фронтот во општина Струмица и општина Делчево.

Ова е уште една донација од д-р Врабевски во регионот, кој повеќе од една деценија го поддржува академскиот развој и здравствената заштита на нашите браќа и сестри преку границата“, се вели во соопштението на фондацијата „Бугарска памет“.



Претходна статија

ГДУ: ПИР ЗА ВРЕМЕ НА ЧУМА СЕ ИЗБОРИ ВО ЈУНИ ИЛИ ЈУЛИ

Следна статија

(ВИДЕО) ТРАМП ПРЕДЛОЖИ ВБРИЗГУВАЊЕ ДЕЗИНФЕКЦИСКИ СРЕДСТВА ВО ТЕЛОТО НА БОЛНИТЕ ОД КОРОНАВИРУС

Најново од Вести