| |

Продолжуваат напорите за гасење на пожарот во Национален парк „Рила“

Напорите на пожарникарите, шумските работници и доброволците за справување со големиот шумски пожар во Националниот парк „Рила“ продолжуваат. Вчера во акцијата се вклучија и припадници на армијата, како и хеликоптер „Кугар“. Денеска сè уште има активни жаришта во високите делови на планината, но истите се напаѓаат од две страни, информира Радио Благоевград.

Пожарникари и вработени од управата на паркот, со специјализирана опрема, се движат преку ски-зоната „Картала“ и на тој начин пристапуваат кон североисточниот дел од пожарот, обезбедувајќи вода во негова близина. На терен веќе се распоредени околу 40 пожарникари, а по 10 часот се очекува повторно во акцијата да се приклучи воениот хеликоптер.

Пожарот во Националниот парк „Рила“ избувна минатиот четврток над симитлиското село Горно Осеново и предизвика огромни штети во заштитената територија.



Слични Објави