Д-Р НЕСТОРОВИЌ: ЕВЕ ЗОШТО ТЕСТИРАЊЕТО ЗА КОВИД-19 НЕМА СМИСЛА

Оваа епидемија ќе престане кога ќе стекнеме 60 отсто колективен имунитет, а мислам дека ние сме многу блиску до тоа, рече д-р Бранимир Несторовиќ, пренесува Локално.

loading...

Во интервју за порталот „Телеграф“, тој изјавил дека не треба сите да се тестираат, бидејќи критериумите за тестирање на веб-страницата на Светската здравствена организација (СЗО) се исти како и на почетокот на епидемијата – температура од 38 степени и поголема, и отежнато дишење.

„Целата идеја за тестирање е премногу чудна. Тоа никаде не го пишува. Ниту во една книга, ниту во една препорака. На почетокот на епидемијата, можете да ги бркате тие контакти и да ги тестирате за да спречите ширење на вирусот. Кога ќе се појават голем број на пациенти, тоа е бесмислено. Познато е дека тогаш се тестираат болните и оние кои биле во контакт со нив“, вели Несторовиќ и додава дека ризичните групи можат да бидат изолирани, а тоа се првенствено старите лица во домовите за стари лица.

„Осми месец е на епидемијата. Кога гледате земји кои биле заклучени, земји кои не биле заклучени, земји кои тестирале многу, кои не тестирале, нема многу разлика“, рече тој.


loading...