|

Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство

Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство.

-Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство.

Дел од медиумите денеска објавија дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести.



Слични Објави