Д-р Врабевски финансираше меѓународна конференција за аутизмот во Плевен, Бугарија
Првиот човек на фондацијата ,,Бугарска памет” д-р Милен Врабевски беше специјален гостин на III Меѓународната конференција за аутизмот, која што се одржа во Плевен, Р. Бугарија.
Настанот беше организиран од здружението ,,Аутизам денес”, а се одржа со финансиската поддршка на д-р Милен Врабевски, јавуваат од фондацијата ,,Бугарска памет”.
Пред присутните д-р Врабевски претстави мал дел од неговите инвестиции за деца со специјални образовни потреби низ годините, дел од кои се финансирањето и организацијата на Првата конференција на тема ,, Аутизам и проблеми во развојот ” во која зеде учество еден од најголемите светски научници проф. Хари Шнајдер, финансирањето на учебно-творечки центар ,,Пламен” во Варна, за работа со деца со проблеми во развојот и купувањето на уред за транскранијална терапија.
На настанот Врабевски ја најави и претстојната премиера на филмот ,,Дворци од ветар” којшто ќе се емитува на Бугарската национална телевизија на 3 декември годинава. Во филмот тимот за поддршка за индивидуален развој во училиштето ,,Цар Симеон Велики” ќе раскаже повеќе за својата работа со специјалните деца.
На форумот беа присутни потпретседателката на Р. Бугарија Илијана Јотова, заменик министерката за труд и социјална политика Надја Клисурска, актерката Елена Петрова, извршниот и заменик извршниот директор на АСП Румјана Петкова и Ана Ананиева, поранешната министерка за труд и социјална политика и претседателка на економскиот јавен Совет Зорница Русинова, директорката на Дирекција социјални активности во општина Велико Трново Росица Димитрова, претседателот на Националната организација на пациентите Станимир Хасарџиев, директори на социјални услуги, специјалисти, наставници, нашите партнери од РС Македонија здружението ,,Во мојот свет ” и други истомисленици “, јавуваат од фондација ,,Бугарска памет”.