Д-р Врабевски за втора година по ред ги спасува два од најголемите светски уметнички настани за млади во Северна Македонија
За втора година по ред, два од најстарите ликовни настани во Северна Македонија „Мал битолски Монмартр“ и Детскиот ликовен конкурс и изложба „Битола“, кои воедно се и два од најголемите ликовни натпревари во светот, станаа реалност, благодарение на Бугарија преку филантропот д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска памет.
Откако во 2023 година, за прв пат по 42 години, македонската држава не обезбеди средства за одржување на двата светски натпревари за млади уметници, организаторите се соочија со проблемот како да не ја прекинат традицијата и да успеат да ги организираат настаните.
По долго талкање низ сложениот лавиринт на политички и партиски страсти, притисок и прекин на поддршката од државните институции и министерства без образложение, во 2023 година д-р Врабевски донираше 18.000 евра за одржување на двата големи светски натпревари.
Ситуацијата во 2024 година не беше поинаква, а иако двата светски уметнички конкурси оваа година имаа рекорден број учесници, финансирањето повторно беше оскудно. Поради оваа причина, д-р Врабевски ја зголеми помошта на организаторите од Детското ликовно студио „Св. Св. Кирил и Методиј“ а за овогодинешните манифестации Фондацијата Бугарска памет донираше 25.000 евра, со што стана најголем донатор за реализација на двата престижни детски ликовни конкурси.

Настанот беше свечено отворен синоќа во градот Битола во присуство на градоначалникот на градот Битола, како и амбасадори и конзули во земјава. Од сцената Славчо Неделковски, организатор на настанот и претседател на Детското ликовно студио „Св. Св. Кирил и Методиј“ изрази благодарност до д-р Врабевски.
„Благодарни сме што има луѓе како него кои инвестираат во младите луѓе и работат за единство и сплотеност. Без д-р Врабевски немаше да бидеме тука вечерва“, сподели Неделковски.

Поради неможност лично да присуствува на отворањето, д-р Врабевски упати специјална видео порака до организаторите и до сите присутни:
„Го правам тоа за да им дадам значење на зборовите како европска солидарност, прекугранична соработка и елиминирање на говорот на омраза. Барам начини за заеднички да изградиме економски мостови. Скоро две децении правам многу за децата на Бугарија, а децата на Република Северна Македонија се наши браќа и сестри. Чувствувам пријатна обврска да инвестирам во нив, како што го правам тоа за децата од Бугарија“.

Оваа година на престижниот натпревар учествуваат над 100 млади луѓе од 20 земји. Во Битола ќе поминат седум дена исполнети со креативни мисии и задачи.
