МНР на Бугарија: Софија ќе преземе мерки пред Белград за случајот со Александар Димитров
Софија ќе преземе мерки пред Белград во врска со приведувањето на Александар Димитров на бугарско-српската граница. Ова за БГНЕС го изјавија од МНР на Бугарија.
БГНЕС потсетува дека на 9 август, претседателот на Здружението ГЛАС, Александар Димитров, повеќе од пет часа бил задржан на граничниот премин Рибарица-Олтоманци. Причина биле трите книги „Елегија за Краиштето“ на поранешниот генерален конзул на Бугарија во Ниш Едвин Сугарев.
За проблемот кој настанал на граничниот премин и за задржувањето на книгите на бугарски јазик што ги носел Александар Димитров од страна на српските власти, било информирано Министерството за надворешни работи.
„Генералниот конзулат на Бугарија во Ниш е во контакт со г. Димитров од неговото задржување, до неговото пуштање да влезе на српска територија и до одлуката за одземање на книгите“, велат од МНР на Бугарија.
„Во врска со случајот, се дадени инструкции до бугарската амбасада во Белград да преземе мерки пред Министерството за надворешни работи на Република Србија, за чии резултати ќе ве информираме“, соопштија од МНР во Софија. .

