| |

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВААТ 10 ИЛЈАДИ ДОЗИ ОД „ФАЈЗЕР”, ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ И 200 ИЛЈАДИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИ

Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер”, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра-Зенека”, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од 3 000 има од руската „Спутник-В” и 1 000 од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски” се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера ја оцени како стабилна состојбата во болниците и рече дека нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Тој очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.

Смета дека мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.

Филипче рече дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

– Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем, истакна министерот.



Слични Објави