ЗАМРЗНАТИ НОВООТКРИЕНИТЕ 3000 МЕТРИ КВАДРАТНИ ПЛАЦ НА ВОДНО И ДВА СТАНА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

//

Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК потпирајќи се на изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовески за порталот СДК.МК вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Поминати се десетина дена од одлуката на судот, а засега никој не поднел жалба. Груевски од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија. Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба.



На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега Обвинителство нема да ги чепка становите на мајка му Надежда, кои се веднаш до двата новооткриени. Нема да биде замрзнат ниту станот во Капиштец, додека тој во Аеродром бил продаден.

Претходна статија

ДВАЕСЕТ И ДВЕ ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, 393 САНКЦИИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА

Следна статија

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВААТ 10 ИЛЈАДИ ДОЗИ ОД „ФАЈЗЕР”, ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ И 200 ИЛЈАДИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување