| |

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ДРЖАВЈАНСТВАТА, НЕИЗВЕСНА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО

Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата, јавува zoom.mk

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши по средбата во Собранието вчера изјавија дека е постигнато решение, а деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија.

-Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија, рече Заев.

Според лидерот на Алијанса за Албанците, Села повеќе детали за законот за државјанство ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави