ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ“ НА ДЕЈАН ДУКОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНА ВО ХАСКОВО, БУГАРИЈА

Истакнато Култура

Театарската претстава „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски ќе биде првото дело што ќе биде претставено годинава во драмскиот театар „Иван Димов“ во Хасково, Р. Бугарија. Претставата ќе се одигра вечерва во храмот на Мелпомена. „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски за втор пат се претставува пред бугарската публика.