ТРЕТА ЖРТВА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА КОМПЛИКАЦИИ ОД МОРБИЛИ

Вести Истакнато Македонија

Бебе на возраст од 13 месеци почина синоќа на клиниката за детски болести во Скопје. Како што наведуваат од министерството за здравство, причина за смртта биле компликации на здравствената состојба како последица на морбили. Бебето било од тетовскиот регион, а сè уште немало примено вакцина против болеста.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување”, велат од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Претходно почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.