Да ја прочитаа „Автобиографија“-та на Григор Прличев, тие што го воспеваат ќе го етикетираа како гнасен татаро-бугараш*
Facebook статус на Давор Стојмиров
Вчера(18 јануари),по повод 194 години од неговотo раѓање,се изначитав воспевања и занесенички восклици за големиот МАКЕДОНСКИ преродбеник Григор Прличев.Верувам дека ретко кој од тие што го воспеваа ја прочитал неговата автобиографија,кратка книшка од која има илјадници и илјадници примероци во Македонија.Да ја имаат прочитано сигурно би го етикетирале Прличев како гнасен татаро-бугараш.
Во својата „Автобиографија” Прличев јасно и недвосмислено се изјаснува како Бугарин по народност и од неговото пишување е јасно дека целото славјанско население во Македонија го смета за бугарско.Значи по сфаќањето на македонистичката историографија тој мора да биде „продаден бугараш“.
Истата таа историографија која што му ја сменила народността на Григор Прличев и го извајала на таков начин што да одговара на коминтерновско-комуњарската историја,целосно и мудро си молчи за постоењето на неговиот син,револуционерот и бугарски општественик Кирил Прличев.Иако Кирил Прличев е човек што има 36 годишен „стаж” во ВМРО ретко кој во Македонија чул и знае за него.Тоа е затоа што Кирил Прличев по воспоставувањето на бугарска власт во 1941 година се враќа во Македонија во својот роден Охрид и од гнасните бугарски фашистички окупатори е назначен за директор на Охридскиот музеј.Тоа е грев кој не може да биде простен од комуњарско-македонистичката историографија.Затоа пресудата е ЗАБОРАВ.
Нелогичностите и контрадикциите во македонската историографија доаѓаат поради лагите и лошо конструираните наративи за нашите преродбеници,револуционери и општественици.Во обидот да се избрише нивната очебијна бугарштина се создаваат големи дупки во лажниот наратив за македонската историја.
Некој ќе рече зошто е сето ова важно?
Затоа што кога градиш држава и нација на лажен наратив полн со дупки го добиваш ова што го имаме денеска-нефункционален северџански протекторат.
* Насловот е на редакцијата
