Пане Попкоцев: Србите не престанаа да го нарекуваат Тиквеш „Мала Бугарска“, а Кавадарци – „Мала Софија“
„Откако сè стивна и веќе немаше востаници низ шумите и селата, српските полициски власти систематски ги апсеа позначајните граѓани и ги фрлаа во затворите. Убиствата престанаа. Но кон населението, српските власти секогаш останаа недоверливи. Таа недоверба кон Тиквеш остана до крај – до 6 април 1941 година. Србите не престанаа да го нарекуваат Тиквеш „Мала Бугарска“, а Кавадарци – „Мала Софија“.
Пане Попкоцев од село Ваташа, револуционер и учесник во Тиквешкото востание од 1913 г.
Извор: Струмски
