ДАЛИ СТЕ АЛФА ИЛИ БЕТА ЖЕНА СПОРЕД ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

Каква жена сте вие?  Алфа и Бета дамите имаат карактеристики кои ги прават единствени. Алфа жената е лидер и влијае на сите околу неа. Иако таа може да „биде“ агресивна, сè прави со огромна страст. Што и да одлучи не се плаши да ги извалка рацете, за да го добие она што го сака.
Бета жената е слатка, мила, грижлива и интровертна. Таа е силна и молчелива жена, но е подготвена да ги сподели своите ставови, кога чувствува дека се важни. Таа е емоционална, духовита, пасивна и одлична во комуникацијата, но најважно е дека се чувствува удобно во својата кожа. Секоја од овие жени е посебна на свој начин.

Овен
Вие сте Алфа жена „до коски“. Живеете со подигната глава, подготвени сте да примате секакви удари. Луѓето околу вас се вчудовидени од вашата издржливост. Често може да бидете агресивни но тоа е само затоа што знаете дека го заслужувате најдоброто во животот и сте подготвени да го направите потребното за да го добиете. Ако некој друг хороскопски знак има потреба од Алфа-лекции, тој мора да дојде кај вас.

Бик
Како Бета жена вие сте жената кој секогаш го чува грбот на пријателите, бидејќи навистина го цените пријателството. Не сте водачот на друштвото, но сепак ќе ја „играте“ важната улога, бидејќи сте одлични слушатели и најдоброто рамо на кое може секој да се потпре. Не преземате директни акции (конфронтација или лидерство), но специјалните вештини кои ги поседувате им покажуваат на другите дека можете да бидете лидер на други начини.

Близнаци
Она што ве прави бета жена е поради тоа што  сте со големо разбирање и добродушни. Вие сте жената која гледа на работите од нивната забавна страна и штом сте до своите пријатели, вие сте среќна! Вашата главна цел е едноставно да се споите со друштвото и да се забавувате. Вие сте флексибилни и лесно се адаптирате. Претпочитате некој друг да донесува одлуки, бидејќи моментот за да успеете и да угодите на сите за вас е голем притисок.

Рак
Вашата способност да се занесете во емоциите е она што ве прави Бета жена. Вие не се плашите да ги покажете вашите чувства. Можете да плачете за време на некој филм или да бидете вознемирени ако некој ви „стои над глава“. Вие го искажувате она што го чувствувате во моментот кога го чувствувате. Многу луѓе сметаат дека ова е негативна карактеристика. Ако не можете да ги контролирате вашите чувства, сте слаб, нели? Грешка! Вас токму тоа и моментот што не се плашите да го искажете тоа што го чувствувате ве прави силни и храбри.

Лав
Вие сте доминантна, самоуверена Алфа жена која сака за сѐ да донесува одлуки. Вие сте свесни  дека има луѓе кои така ве гледаат и кои ви завидуваат, па затоа го користите Алфа статусот, за да им покажете кој е шеф. Секоја ситуација за вас е нова  можност да блеснете. Вие сте силни и доста самоуверени.

Девица
Вашиот статус на Алфа-жена доаѓа од вашата потреба за целосна контрола на сѐ околу вас. Не постои начин да  останете непристрасна, додека некој друг ја води водечката улога. Вие сте од оние луѓе на кои природно им доаѓаат раководните улоги. Без разлика дали сте аплицирале за нова работа или сте на состанок со нов потенцијален партнер, вие веднаш покажувате во каква голема „предност” сте. Друго што ве прави Алфа дама, е дека ништо не ве плаши – нови ситуации или ненадејни промени.

Вага
Вие сте жена Бета затоа што верувате во соработката и пријателството. Мислите дека да се биде добар пријател и да бидете љубезни и грижливи е многу подобро отколку да бидете ладни и агресивни. Многу Алфа жени имаат скриени мотиви додека пак Бета дамите едноставно сакаат да поминат низ животот со што помалку стрес и контроверзии. Исто така вие ја прикажувате класичната Бета функција, избегнувајќи конфронтација.  Сакате медијација и избегнување на драмата.

Скорпија
Вие сте вистинска Алфа дама. Никој не може а да не го забележи тоа. Вие сте доминантната личност, имате потреба да контролирате и ја сакате конфронтацијата. Кога работите не одат како што треба вие ги потсетувате луѓето околу вас со кого си имаат работа. Вашиот статус на Алфа може да биде позитивен, но исто така негативен. Често имате несогласувања со луѓе кои не ви се допаѓаат, но во истото време покажувате позитивни Алфа црти со вашата силна лојалност и посветеност кон луѓето кои се грижат за вас.

Стрелец
Вие сте дефинитивно Алфа-жена, но вашиот статус на Алфа понекогаш не е толку видлив. Можеби тоа е затоа што не покажувате толку негативни Алфа црти како другите хороскопски знаци, но дефинитивно докажувате дека не се плашите да бидете Алфа. Како таква, сакате да живеете само за себе. Вие не се плашите од недоразбирање, бидејќи сè што мислите дека е во право е вистинскиот начин да се живее според вашето мислење. Подготвени сте да го браните она во што верувате (колку и да е непопуларно и нестандардно вашето мислење). Поради ова, многу луѓе бараат совет, па секогаш се обидувате да го користите вашиот Алфа статус за добро.

Јарец
Вие сте Алфа жена околу која луѓето почнуваат да шепотат додека влегувате во собата. Не само што сте „лоши“, туку вие сте и легендата за Бета дамите и вашите Алфа колеги. Можете да се контролирате и сте многу ладни (претпочитате да го користите мозокот, а не вашето срце при донесувањето на одлуки). Една од највпечатливите Алфа карактеристики е вашата флексибилност. Животот може често да ве турне на земјата  но вие секогаш станувате и повторно се обидувате.

Водолија
Вие сте Бета-дама и се сметате за многу скромна личност. Дел од вашите карактеристики се карактеристични за Алфа жената, но длабоко во вас вие сте Бета. Вие сте многу интелигентни, духовити и емоционални,  и имате способност да разговарате на било која тема со секого. Интровертни сте и тивки, освен ако не сте со вашите најблиски пријатели. Како Бета жена, претпочитате соработка и тимска работа, наместо да работите самостојно.

Риби
Вие сте Бета жена во секој поглед. Не само што сте слатки, нежни и малку срамежливи, исто така вие длабоко им верувате на вашите емоции. Инстинктот и чувствата се многу важни за вас и ги користите во вашата кариера и личниот живот. Вие исто така покажувате класични Бета карактеристики со вашата интровертна личност. Удобноста е клучот во вашиот живот – вашиот дом е вашиот храм.



Слични Објави