ДАМЕ ЧКАТРОСКИ: МПЦ НЕ ТРЕБА ДА ВОДИ НИКАКВИ ПРЕГОВОРИ СО СПЦ-ПОСЕБНО НЕ СЕГА И ПОСЕБНО НЕ ПО ИНИЦИЈАТИВА НА СПЦ

Вести Истакнато Македонија

Византиската политика и политиката на Руската Православна Црква како и Српската се надминати работи во кои не смееме да се враќаме.
Имаме чиста ситуација сега и треба повеќе да работиме на добивајне признавање од Васеленската Патријаршија.И ова барање треба да го хендламе преку Бугарската и Грчката но и Албанската и Украинската православна црква без никаков пардон што мисли СПЦ и РПЦ вели политичкиот аналитичар Даме Чкатроски во пост објавен на неговиот facebook профил.
Реакционерните кругови во МПЦ со конекциите со империјалните политики на Србија и Русија треба од одма да се идентификуваат и амортизираат од МПЦ.
Време е да крениме глас против старите империјални политики кои ни направиле доволно штета.
ТОМОС од Васеленската патријаршија и тоа како ќе придонесе за етаблирање на државата како еднаква со сите на Балканот.
Колку сакаме да тврдиме дека не не интересираат овие работи или не не засегаат или гледано од атеистичка гледна точка за жал се многу битни во овие моменти во поделбите на православниот свет но и на православните на Балканот.Атеизмот не е институција туку е филозофско гледање на работите,а црквата е институција и за жал -ПОЛИТИКА, смета Чкатроски.