Данска планира тројно да ги зголеми инвестициите во одбраната
Владата на Данска во вторникот ги претстави плановите за инвестирање 143 милијарди дански круни (19,2 милијарди евра) во одбраната во следните 10 години, во согласност со ветувањето за исполнување на целта на НАТО, пренесува „Дифенс пост“.
„Мора, во поголема мера, да можеме да ги исполниме барањата и очекувањата што НАТО и неговите сојузници ги имаат за Данска. Ова бара големи инвестиции во нашите вооружени сили за да го зголемиме нашиот удел од одговорноста“, истакна Троелс Лунд Поулсен, вршител на должноста министер за одбрана.
Како и повеќето членки на НАТО, Данска по завршувањето на Студената војна ги намали своите воени капацитети за конвенционална војна во Европа.
Но како реакција на војната во Украина, Копенхаген лани вети дека, во согласност со целите на НАТО, трајно ќе ги зголеми трошоците за одбрана и безбедност на 2 отсто од БДП до крајот на 2030 година.
Од следната година, годишната потрошувачка ќе се зголеми од сегашните 6,9 милијарди круни (926 милиони евра) на 19,2 милијарди круни (2,6 милијарди евра) до 2033 година. Ова значи дека данските трошоци за одбрана ќе се зголемат речиси тројно во следните 10 години.
Целокупната рамка за трошењето ќе биде утврдена во владиниот предлог што следува, при што континуирано ќе се договараат одлуки за реалните воени набавки.
Потегот на Данска следи по оној на другите членки на Алијансата од Европа кои, една по друга, почнаа да ветуваат зголемени трошоци за одбрана од почетокот на војната во Украина.
Данска, исто така, се вклучи во заедничката одбранбена политика на ЕУ како одговор на заканата од Русија.
И покрај најавата од членките на НАТО во 2022 година, мнозинството од нив сè уште не го исполнуваат ветувањето за одбранбени трошоци дадено на Алијансата. Само седум членки ја исполнуваат целта и покрај континуираното инвестирање во одбраната.
Речиси 10 години подоцна, сојузниците во НАТО размислуваат да ја претворат целта за трошење на БДП од 2 отсто во трајна обврска.
„Во јули, очекувам сојузниците да се согласат на поамбициозно ветување за инвестиции во одбраната бидејќи 2% од БДП е минимумот што треба да се инвестира во нашата одбрана“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во март, кога ги презентираше бројките за трошоците за одбраната. 2022 година.
Сепак, дискусијата меѓу членките на НАТО се уште е во тек и не е постигнат договор за иднината на ветувањето за инвестиции.