|

Дарко Костовски ја презеде функцијата градоначалник на Бутел

Новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска ја презеде функцијата од досегашниот прв човек на општината, Велимир Смилевски.

Општинската изборна комисија денеска му го додели уверението на Костовски.

– Од денеска сум во служба на граѓаните и сите заедно ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитетна Општина Бутел – рече Костовски при доделувањето на уверението.

Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници во Општина Бутел, каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави