Даскалски размислувања врз една фантомска болка
Пишува: Иво Иванов, историчар и новинар
Деновиве сите македонски медиуми, како под команда ги објавија размислувањата на „познатиот“ македонистички агент д-р Улф Брунбауер. Во пропагандистичкиот канал Deutsche Welle тој го демаскира францускиот предлог за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ. Ништо ново, повторно бугарскиот национализам е виновен за несреќата на поранешната југословенска република. Интересен факт е тоа што написот не е објавен во бугарската страница на „Германскиот бран“.
Докторот историчар најверојатно почнал да ги изцрпува своите податоци, бидејќи веќе самиот себе си се повторува со една единствена цел- да ја навредува Бугарија.
Во неговата последна колумна читаме: „Блокадата (за почеток на преговорите со ЕУ) произлегува од фантомската болка што ги мачи бугарските националисти при помислата за Северна Македонија, бидејќи Северна Македонија одбива да го усвои бугарскиот наратив за нејзината историја и идентитет”.
Во 2021 г. по повод 30 годишнината на новата македонска држава и распадот на Југославија, бугарската редакција на Deutsche Welle, објави резиме од извештај на истиот Брунбауер со наслов– Една балканска приказна на успехот”. Написот завршува така: „Перспективата за влез е во суштина единствената надворешнополитичка алатка на ЕУ и сега ЕУ ќе дозволи на една земја, која е неспособна дури да си избере влада, да и го одземе, бидејќи веќе 100 години пати од својата македонска фантомска болка“.
Фантомска болка е термин од медицината за болка што човек ја трпи кога му е ампутиран дел од телото. Телото не се навикнало и свеста не ја прифаќа загубата на делот што е ампутиран. Дали ваквиот термин е погоден да се искористи во однос на бугаро-македонските односи е дискутабилно прашање, бидејќи често го слушам лелекот на ампутираниот дел, којшто го боли затоа што некој му го одзел телото на Србославија.
Деновиве, кога во Софија се водеа спорови дали да биде прифатен францускиот предлог, разговарав со еден мој пријател, кој наполовина е Французин. Тој ми го постави сериозното прашање: Каков е проблемот во тоа што Македонците ја искривуваат бугарската историја и не го спроведуваат договорот за пријателство и добрососедтство? Ги пуштате во ЕУ, границата ја снемува и готово. Зарем веруваш дека еден ден Македонија ќе ја нападне Бугарија? Тоа е апсурдно.
Се обидов да објаснам дека ние погрешивме дури кога ги пуштивме нашите соседи во НАТО, затоа што, како еден Бугарин ќе се бори рамо до рамо со Македонецот, ако истиот го мрази и го нарекува фашист. Нели утре може да го застрела во грб. Мојот колега и пријател не го сфати сериозно мојот одговор и се насмеа кога му кажав дека влезот во ЕУ не е задолжителен и се случува само ако земјата кандидат го сака тоа.
Бугарија има трагично и болно искуство со ампутациите на нејзините територии и население. Токму поради оваа причина влезе во НАТО и во ЕУ со надеж дека тоа нема да се повтори. Историското знаење е една од гаранциите за тоа. За историските фантомски болки кои доведоа до нови ампутации на д-р Брунбауер и други како него, ќе раскажам за мојот најлош кошмар кога бев професор по историја.
Во мојата канцеларија чував слика на невино, буцкасто дете со убаво носе. Речиси никој не и обрнуваше внимание, но секогаш ја гледав пред да почнам да зборувам пред учениците. Тоа беше фотографија од детството на Адолф Хитлер. Малку е веројатно дека ова слатко мало момче би станало крвавиот фирер на Рајхот доколку не му го испрале мозокот во училиште. Во првиот дел од „Мојата борба“ Хитлер со најголема патос и љубов зборува токму за лекциите што ги апсорбирал од својот професор по историја во гимназијата…
Што се однесува до прашањето дали Македонија еден ден ќе ја нападне Бугарија, таа нема престанато со нападите од своето создавање во 1945 година. Досега тоа го прави само вербално, но и Хитлер почнал со огнени говори и обвинувања….. Толку за историјата и за историчарите.
