ДЕЧКИ СЕГА ЛИ Е МОМЕНТОТ ДА СПОРИМЕ КАКО СЕ ПОЈАВИЛ КОВИД-19?

Да немав етика на здравствен работник би дала предлог сите што не се загрижени за болеста Ковид 19 да си потпишат документ дека нема да бараат да се лечат ако ја развијат, ни без пари ни за пари. Потоа, нека си се групираат меѓу себе колку сакаат, ама нека се држат настрана од оние кои водат грижа за сопственото и колективното здравје. Така, ем нема да имаат основ да бараат одговорност од државите кога здравствениот систем ќе одбие да ги згрижи, ем нема да колабираат здравствените установи и институциите. Дечки бе, никој не спори дека еден ден ќе треба да се разјасни од каде, како и зошто се појавил Sars-Cov-2, ама озбилно сега ли е моментот? Сега ли, кога на мала душа ни останаа белите мантили, а богами и економијата?

loading...

Fb статус на Тања Кармзова-Костиглиола



loading...