| |

Неважечките ливчиња побројни од разликата меѓу кандидатите во дел од општините

Речиси 30 илјади неважечки ливчиња имало на вчерашниот втор круг од локалните избори во 32 општини и Град Скопје.

Вкупниот број изнесува 29 815, од кои 10 528 се од изборот за градоначалник на главниот град, а другите 19 287 од гласањето во 32-те општини каде што се одржуваше втор круг.

Според резултатите што се објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од 100 отсто обработени избирачки места, може да се забележи дека неважечките ливчиња во дел од општините можеле да го променат конечниот резултат, односно да има друг победник.

Во најмалку девет општини бројот на неважечки ливчиња е поголем од разликата меѓу двајцата кандидати што беа во вториот круг. Таков пример е скопската Општина Карпош. Таму победник е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Сотир Лукровски, кој освои 13 512 гласа, а неговиот противкандидат од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски имаше добиено 12 378 гласа. Разликата меѓу нив е 1 134 гласа. Во оваа општина бројот на неважечките ливчиња е 2 834.

(Целиот напис прочитајте го на 360 степени)



Слични Објави