|

Дел од јавните паркиралишта на ЈП „Градски Паркинг“ слободни за паркирање во петок

Од ЈП „Градски Паркинг“ известуваат дека за време на велигденските празници, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање во петок на 14 април 2023 година, додека Кочо Рацин,
Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“ , Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А, Б и Ц, ќе бидат отворени со редовно работно време од 07 до 21 часот , а зона Д од 07 до 23 часот.

На 15 април 2023 година (сабота), јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ и Дом на печат, ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека пак, „8 Септември“, Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А,Б и Ц, ќе бидат со редовно работно време од 07 до 14 часот , а зона Д од 07 до 23 часот.

Во недела, 16 април 2023 година, јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“ , Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот. Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат.

Во понеделник, 17 април 2023 година, јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска Болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот. Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат. Јавната површина наменета за паркирање – Зона А0 Водно, во сабота на 15 април, недела
16 април и понеделник 17 април 2023 година, ќе работи со редовно работно време од 08 до 16 часот.



Слични Објави