|

На покана на Османи, Албарез во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, утре, 14 април 2023 година, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на нашиот пристапен процес во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

На средбите ќе бидат опфатени и можностите од продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.



Слични Објави