Дел Понте: Уапсете го Путин

/

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„ Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства и во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Le Temps“.

Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.



„ Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не би можел да ја напушти земјата, а тоа би бил силен сигнал за него дека против себе има многу држави“, изјави Понте.

Претходна статија

Одбележан денот не пешадискиот баталјон, Петровска: Вие сте нашата одбрана, вие сте гордоста

Следна статија

Украина: Ја вративме контролата над 30 населени места во близина на Киев

Најново од Вести