Демант од туристичка агенција: Никој не беше оставен на улица и без сместување

/

Вчера се појави информација, која ја пренесе порталот Локално дека група граѓани кои заминале на одмор во Грција, вчера добиле информација според која хотелот Gerakini Sitonia vilage им го прекинал одморот поради нерасчистени сметки со Агенцијата преку која патувале. Станува збор за 10 фамилии од Македонија (семејства со деца), jави Локално.

Сведочењата од таму велат дека семејствата си имале уплатено цел престој во „ЈК Травел“, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

Сепак, од туристичката агенција ЈК Травел со демант. Еве ја нивната реакција во целост.

Почитувани,

Веста која ја објавивте поврзана со ЈК ТРАВЕЛ не е точна.

Ве молиме за демант на истата:

Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаа резервирано и уплатено.

Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање.



Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување.

Ова го тврдиме најодговорно.

Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во горе неведениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина.

ЈК Травел е агенција која постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење.

Ве молиме демантот да се објави веднаш, а неточната вест да се повлече. Нанесувате штета на нашето работење со непроверени вести.



Претходна статија

Рускоска бара помош од амбасадите на САД и ЕУ: Имам притисоци од владин функционер

Следна статија

Д-р Даниловски: Новиот сој на Ковид ќе ја полни статистиката додека не „прегори“, нов бран во зима

Најново од Вести