Демонстрантите нападнати со камења и шишиња кај „Мавровка“
Демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог беа нападнати со стаклени шишиња и камења од група луѓе кај плоштадот Скендербег, по што полицијата тргна да реагира.
Еден од напаѓачите на демонстрантите пукаше со огнестрелно оружје кон нив.
Демонстрантите потоа се упатија кон Министерството за надворешни работи.
Денес е петтиот ден од протестите против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.