| |

Денеска православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Во Скопје се пријавени 150 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2018“. Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот „Слобода“. Во Охрид традиционално во сите парохиски цркви на Дебарско-кичевската епархија ќе се одржи богослужба и божествена литургија. Потоа верниците масовно заедно со свештениците ќе се упатат на Градското пристаниште, каде ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро, а потоа во 10 часот ќе се положи и чесниот крст.



Слични Објави