ПО 10 ДЕНА ПАУЗА, САД ПРОДОЛЖУВААТ СО ВАКЦИНАЦИЈАТА СО JOHNSON & JOHNSON

/

Администрацијата за храна и лекови на САД и Центрите за контрола и превенција на болести ја прекинале паузата за употреба на вакцината „Џонсон и Џонсон“, соопшти Администрацијата за храна и лекови.

Соединетите држави можат веднаш да ја обноват вакцинацијата со „ Johnson & Johnson “, соопштиле врвните здравствени регулатори, завршувајќи ја десетдневната пауза за да се испита врската помеѓу вакцината и исклучително ретките, но потенцијално смртоносни тромбови.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Администрацијата за храна и лекови во заедничката изјава велат дека здравствените системи и примателите на вакцини ќе бидат предупредени за ризикот од потенцијално фатален синдром, кој вклучува сериозни тромбови и ниски нивоа на тромбоцити.



Агенциите ја донеле одлуката по состанокот на надворешни советници на ЦДЦ кои препорачале запирање на вакцинацијата со вакцината Ј & Ј. Одлуката следела по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

Претходна статија

РИГОРОЗНИ МЕРКИ ВО ГЕРМАНИЈА: ВОВЕДЕН Е ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВО ПРОДАВНИЦИ САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ

Следна статија

РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА СЕ КРШАТ НА СЕКОЈ ЧЕКОР, 80.000 ПОПЛАКИ ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ

Најново од Вести