| |

ДЕНЕСКА СЕ НАВРШУВААТ 5 ГОДИНИ ОД ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“

На 9-ти Мај 2015 година, во екот на политичката криза, кога во Скопје се организираа масовни анти-владини протести се случи вооружена престрелка во Куманово. Пукањата траеа два дена, по што специјалните единици успеаа да ја сузбијат терористичката група во нејзиното делување.
Пукањата започнале во 04 часот наутро, со упад на специјалните единици во место каде што била лоцирана терористичката група по претходно осуетување на планот на терористите од страна на разознавачките служби во Македонија.

По завршувањето на настаните и успешната акција на МВР, приведени се 37 лица за учество во тероризам, осудени се 33, а 4 добиле ослободителна пресуда.

По утврдувањето на индетитетот на уапсените препознаени се Мухамед Красниќи, Сами Укшини и Деме Шеху. Меѓу убиените се Мирсад Ндрецај и Бег Ризај.
Еден од учесниците во терористичката акција бил државјанин на Албанија, а другите биле државјани на Македонија.

Според известувањето на МВР, станувало збор за опасна терористичка група која имала своја мрежа и низ други држави на Балканот.

Три години од нападот во „Диво насеље“ – Kurir.mk
Загинатите припадници на безбедносните сили на Република Македонија во вооружената престрелка кај кумановско Диво Насеље
При вооружената пресретка за жал 8 припадници на специјаните единици ги положија своите животи за безбедноста на граѓаните и тоа:

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

На терористите им е судено за терористичко загрозување на уставен поредок на Република Македонија. (Прочитајте повеќе на Veritas.mk)

На денешен ден пред 5 години, насекаде низ моето Куманово се слушаше звукот на испукани куршуми, граѓаните беа смртно исплашени и само повторуваа „Зарем повторно да не снајде војна“, полиција имаше насекаде, никој не знаеше што се случува точно, но сите знаевме дека нашите животи се ставени на ризик.

Брзо потоа следуваа вести за загинати прирпадници на македонските безбедносни сили, а луѓето со солзи во очите ја примаа секоја тажна вест.

Акцијата заврши брзо, ама жртвите што ги однесе сведочат за ужасот што го носи овој случај со себе.

33те осудени лица за терористичко загрозување на уставниот порадок често објавуваат фотографии и снимки од затворите, како доаѓаат до телефони и привилегирани услови во казнено – поправни домови не ме прашувајте мене.

Тие остануваат во затвор, не поголем од оној на нивната свест, загинатите остануваат закопани под темелите над кои некој гради власт со неправда и крв. Семејствата денеска обележуваат помени на своите најмили, а кумановци се сеќааваат со многу гнев кон овој датум пред пет години.

По приведувањето на терористите, она што го признавме како независна Република Косово, се огласи, скоро 220 милјарди евра даде да ја покрие правната одбрана на терористите.

Група нивни граѓани јавно го палеа и газеа македонското знаме на среде плоштад во Приштина.

Тие тоа, како и војната во 2001 година ја сметаат за „борба за човекови права“.

Западните сили како и секогаш со молк ги следеа сцените иако еден од фундаменталните принципи на меѓународното право е немешање во внатрешните работи на дружа држава, а Косоварите и тоа како направија мешање со протестите и финансиските влогови за одбрана на нивните штитеници.

Нема правда, нема мир во периодот на анти-владините простести се слушаше насекаде низ Македонија, само што тие што фрлаа боја по зградите, денеска од правда и мир имаат само зголемени утроби во кои се таложат алчноста, поткупливоста и ситнодушноста.

Нема уште правда и нема уште мир иако „револуционерите“ веќе одамна заспаа во своите удобни фотелји.

Fb статус на Магдалена Стојмановиќ

Слични Објави