Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

//

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ=8

Во наредните денови според најавите од УХМР, следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи.

Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.



Претходна статија

Безос успешно слета по 11-минутниот престој во Вселената

Следна статија

На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез се чека по 45 минути

Најново од Вести