На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез се чека по 45 минути

/

На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути.

На останатите гранични премини, како што информираат од Автомотосојузот на Македонија од македонска страна, нема подолги задржувања.

Oд денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.



Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна статија

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Следна статија

Поради пандемијата со коронавирусот околу 1,5 милиони деца останале без родител или старател

Најново од Вести