ДЕНИ БОЈЛ СЕ ОТКАЖУВА ОД СНИМАЊЕТО НА НОВОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ЏЕЈМС БОНД
Англискиот режисер Дени Бојл одби да го снима новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд поради бројните несогласувања со продуцентите и филмската екипа, објави весникпт „Телеграф“.
Конкретно, конфликтот е околу имиџот на „рускиот негативец” помеѓу режисерот и актерот кој ќе ја толкува главаната улога Даниел Крег. Засега антагонистот треба да го игра полскиот актер Томас Кот, но очигледно е дека колегите имаат различни гледни точки на ова прашање.
„Крег има големо влијание врз сите одлуки во врска со филмот. Ниту една од актерките за улогата на девојката Бонд не беше донесена без негово учество ” – објаснува соговорникот за весникот.
Освен тоа, како што стана познато за публиката, продуцентите на филмот не сакаат да се фокусираат на актуелните политички тензии во руско-британските односи и “модерната студена војна”.
На 21 август, на официјалната страница на „Агент 007″ на Твитер, се појави порака дека Бојл одби да учествува во снимањето.
Светската премиера на новата 25-та епизода е закажана во октомври 2019-тата година. Во него, како што беше објавено, противникот на главниот лик ќе биде „русин“.
