| |

Враќањето на Русија и/или воскреснувањето на нови поделби!

Пишува: Христо Михајлов

Распаѓањето на советската комунистичка империја, го означи и крајот на системот Јалта во меѓународните односи и појавата на еден, единствен глобален хегемон, во лицето на САД. Се случи трансформацијата на дотогашниот двостран модел на светскиот ред во едностран модел. Па така, крахот на СССР несомнено доведе до доминацијата на Америка во меѓународните соодноси. Меѓувремено , САД се замешаа во такви војни кои што само го забрза нивното опаѓање, а најпарадоксалното е тоа, што токму тие војни требаше да го закрепат американското глобално господство. Низ сето тоа време, Русија се прероди од пепелиштата и одново се преобрати во една силна регионална држава, која се стреми да доминира во Евроазиските пространства.

Денес, многу почесто слушаме да се зборува за руско американско спротиставување отколку што тоа се слушало на почетокот на овој век. Но, тие две земји веројатно никогаш нема да станат основните клучни играчи во утрешниот свет за разлика од ролјата којашто САД и СССР ја играа во недалечното минато. Тука изникнува и прашањето на преод кон каков модел ќе се движи светот, за каков нов модел ќе станеме свидетели во блиска иднина? Во рамките на новиот систем, Кина и Индија, веројатно ќе бидат двете господаречки држави во Јужна Евроазија и Југоисточна Азија. Возможно е исто така православна Русија да се престори во доминирачка сила во Северна и Западна Евроазија, и не е исклучено дури таа да се преобрази во нов притегателен центар за европските држави поради редица културни политички и религиозни мотиви.

Доколку Русија, Кина и Индија имаат глобални амбиции тие истите со сигурност ќе демонстрираат сериозни регионални претензии во соодвените зони на влијание во деловите во Евроазија, Централна и Југоисточна Азија. А тие територии, повеќе од очевидно си остануваат клучно геополитично пространство. И поради тоа, руските, индиските, кинеските и американските регионални интереси ке продолжат да се судираат, давајќи наплив на новата голема игра меѓу тие велики држави во срцето на Евроазија. Суштествува и тезата дека во моментов судбината на светскиот ред се решава во т.н. Хартланд, кон чиешто задржување и ослабување е насочена и глобалната стратегија на САД. После распадот на СССР, битката за глобална контрола прерасна во битка против Русија за контрола на Евроазија. Освен тоа американските стратези сметаа да ја престорат Русија во сателитска држава и плацдарм за вршење на притисок врз преживуваниот невиден подем на Кина. Само што руското разбудување после 2000 г, како и брзиот кинески разовј ги провалија тие планови. И точно тоа е и причина Русија повторно да се јави како основен противник бидејќи таа држава му пречи на американското инфилтрирање во Хартландот.

Денес Русија како таква претставува своебразно и клучно геополитичко урамнотежување. Без него може лесно да се предодврати трансформацијата на едностраниот, доминирачки од САД, меѓународен ред во двостран, американско кинески свет! Колку и да е парадоксално, денес Русија се договара со Кина за формирањето на воен баланс, дејствувајќи пријателстки, но неотстапчиво. Во таа смисла, Русија би можела да се судри со многу сложена равенка-со задачата да биде спречена геополитичка експлозија во Азија. Кина најверојатно многу брзо и природно ќе почувствува, дека всушност сеуште руската Централна Азија може да се префрли во кинеска сфера на влијание. Потоа, во моментов, западната коалиција ја разгранува својата воена моќ по западната периферија на Русија. Евентуалниот крах на САД директно би се одразил врз местото на Европа и Русија во утрешниот свет, свесно сврзувајќи ги тие два блока. Ниту Русија, а уште помалку Европа можат да си позволат да се судрат зашто и самата Русија и Европа силно страдаат од стратегиски структурни слабости. Во мигов Европа е економски гигант, но политичко и духовно џуџе, а Русија, напротив е политички и духовен гигант, но како цело е економско џуџе. Имено затоа односите помеѓу Европа и Русија се сред клучевите на иднината.

Евентуалниот политичкиот, економски и воен потенцијал на заеднички европско- руски блок од Атлантскиот до Тихиот океан може да го преобрати во еден од гигантите на утрешниот свет. Тоа подразбира, дека Европа самата треба да реши да стане дел од евроазискиот блок т.е. да биде во сојуз со Русија и сите оние други држави, коишто во блиска иднина ќе решат да станат и официјални сојузници на Москва. Формирањето на стратегиската оска Париз-Берлин-Москва-Астана, во моќен блок Европа-Евроазија би се претворил во таква суверена сила, која ќе игра клучна ролја во запазувањето на мирот на стариот континент, а зашто не и во целиот свет?

Но, за тоа да се случи, неопходни се промени во структурата на владеењето и во свеста на државите од азиските пространства, промена на свеста на владеење и во самата Русија и промена на менталитетот на населението источно од границите на ЕУ, потребна е промена на полуфеудалната свест низ “пространствата источно од нас“.
Дали е тоа возможно!



Слични Објави