ПЕШАК И ВЕЛОСИПЕДИСТ ИСКАСАНИ ОД КУЧИЊА
Двајца скопјани беа нападнати од кучиња скитници во вторникот околу пладне. Во првиот случај, А.П.(60) од Скопје, пријавил дека додека возел велосипед на Кеј „13 Ноември” околу 11:30 часот бил каснат од куче-скитник за десната нога.
Околу 12,45 часот, пак, Р.З.(55) од Скопје бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница на плоштад Македонија.
