„Касапот од Мосул“ и „Новиот Абауд“ подемот и падот на ирачките џихадисти

//

„Касапот од Мосул“ и „Новиот Абауд“: беа џихадистите кои го тресеа Ирак. Денес, по нивното апсење, нивните лица, на кои се чита пораз, се популарни во медиумите кои покажуваат селфиња на војниците, додека им стават лисици на рацете, или пак ги прикажуваат во затворски униформи.
Откако ирачката армија го врати Мосул, вториот по големина град во земјата, кој беше ирачката “престолнина” на Исламска држава (ИД), започна лов на џихадисти. Списокот со осомничените веќе брои околу 20 илјади лица.

Припадниците на ирачките безбедносни служби ги пребаруваат урнатините и тунелите ископани од џихадисти во последните три години, во градот и регионот.  Во стариот дел на Мосул, во близина на џамијата Ен Нури, каде лидерот на организацијата Абу Бакр ал Багдади го направи својот единствен јавен настап, елитните единици за борба против тероризмот пронајдоа човек кого брзо именуваа како  „црната кутија на оргазизацијата’.

Откако испратил напаѓачи и бомбаши-самоубијци, за да се обиде да го спречи напредувањето на владините трупи, Низам Еден ар Рифат немал избор освен да се предаде, раскажува за АФП Сабах ан Ноам, портпарол на силите за борба против тероризмот.
При излегувањето од подземната галерија, каде се криел, опкружен со војници, само по панталони, со долга ненегувана брада, со долга бела коса, началникот на судиите во самопрогласениот  „калифат“  – оној кој го толкуваше законот во трибуналите, познати со својата суровост – веќе го немал својот сјај.
60-годишниот жител на Мосул “сеуште се испрашува”, информира Ан Ноамане, бидејќи е еден од оние кои можат да откријат на властите бројни тајни на организацијата.

Неговата позиција на чело на судскиот систем го правела “третиот човек во организацијата”, уверуваат извори од силите за безбедност, кои претпочитаат да останат анонимни.
„Шефот на судиите“ има стекнато и една посебна аура со тоа дека  му „предавал теологија на Абу Бакр ал Багдади“, тврдат истите извори
Муфтијата Абу Омар, со вистинско име Езеад Таха Ахмед, исто така е добро запознат теологијата. Преку пропагандата на ИСИС тој се стекнал со име од кое се плашел цел Мосул и речиси половина Ирак.
Посројат видеа на кои се гледа како тој – облечен во воена униформа и со автомат “Калашников” на рамо – наредува да се фрлаат група млади луѓе од покривот на станбена зграда, затоа што биле осомничени дека се хомосексуалци. Слични вакви сцени му го заработија прекарот „Касапот од Мосул“.



За безбедносните сили кои го испрашуваат денес, тој е „белата брада“, поради долгата брада, која ја носел во времето кога бил активен во ИСИС.
Скриен во живеалиште во Мосул, тој очекувал да се смеша со протокот на бегалците слично на други џихадисти. Но тој никогаш не излегувал куќата каде престојувал од страв да не биде препознаен, раскажува за АФП Мохамед Ибрахим, одговорен за безбедноста во покраинскиот совет.
Џихадистот кој ни се смееше од социјалните мрежи, кој владееше со Мосул, кој претепуваше луѓе со камења, денес треба да биде однесен на јавно место и да биде тепан со чевли, пишува еден интернет корисник.

Додека „Белата брада“ и „Црната кутија“ работеле во администрацијата на т.н. „калифат“, Абу Хамза ал Белжики ја подготвувал „иднината“ на организацијата. Тој изјави пред судиите дека подготвил за борба шеесетина деца од 8 до 13 години.
Абу Хамза е бојното име избрано од Белгиецот од мароканско потекло Тарик Жадаун при пристапувањето во организацијата во 2014 година. Тој повикуваше во видеа да се нанесуваат удари против Европа и си го заработил прекарот “новиот Абауд” кој визира неговиот сонародник Абделхамид Абауд, еден од извршителите на нападите во Франција на 13 ноември 2015 година.
Денес, „новиот Абауд“ е уапсен и очекува да биде суден за тероризам, дело за кое неколку Европејци веќе добија смртна казна. Ако се верува на информациите објавени од страна на ирачкото министерство за правда, тој ги признал своите дела пред органите на прогонот.

Автор: Амар Карим/ AFP

Претходна статија

Од понеделник излегуваат на слобода првите амнестирани затвореници

Следна статија

Онака од прва…

Најново од Анализи & Коментари