ДЕРКОСКИ: ДИК Е ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ
Државната изборна комисија е подготвена за било каков договор кој ќе го постигнат партиите, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на новинарско прашање дали комисијата е подготвена за избори со отворени листи.
„Моето мислење за изборниот модел е нерелевантно, тоа е во суштина работа на партиите, како ќе биде изгласано, така ќе постапуваме. За се сме подготвени“, рече Дерковски.