|

ДЕСЕТМИНА МИГРАНТИ НАЈДЕНИ ВО АВТОМОБИЛ НА АРАЧИНОВЕЦ

На автопатот Скопје – Велес, кај Штипска Петља, синоќа полициски службеници запреле патничко возило „опел“ управувано од И.М.(54) од с.Арачиново, Скопје.

При контрола на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти. Мигрантите ѝ И.М. биле предадени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс



Слични Објави