| |

„ЖЕНИ ПРЕД НЕРВЕН СЛОМ“ – НОВА ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Во Театар Комедија за утре во 20 часот е закажана премиерата на новата претстава насловена: „Жени пред нервен слом“ работена според филмот „Жени на работ од нервен слом“ на Алмодовар, а во режија на познатиот хрватски режисер Иван Лео Лемо.

Костимограф е Мирјана Загорец, сценограф Весна Режиќ, музиката е на Звонимир Дуспер, а кореографијата му е доверена на извонредниот кореограф Лео Мујиќ. Во претставата, која се најавува како апсолутен спектакл во Театар Комедија, играат: Марина Поп Панкова, Ева Скендеровска, Жаклина Стевковска, Кристина Ласовска, Миа Кантарџиева, Едмонд Сотир, Жарко Димоски, Тино Костадиновски, Дритон Вејсели, Александар Велјановски, Илија Илиоски и Тони Денковски.

Првата реприза на претставата е закажана на 17 мај (петок), со почеток во 20 часот.

Слични Објави