Детектиран современ комунизам
Иако сите досегашни Влади толку коренито од петни жили се трудаат да ги напишат законите и спроведат реформите поставени од ЕУ , така во една друга форма , затскриено ги префрлаат надлежностите кон Локалните самоуправи а тие пак со флангирано темпо ги направија ингеренциите на Општините да функционираат како држава во држава . Несомнено десната рака се им токму jавните претпријатија формирани од државата или локалните општински совети.
Лицемерната политика на јавните претпријатија преку која се вршаат стопанските дејности од јавен интерес , ги достигна и превзема сите потреби на граганите . Уредена законски во Сл. Весник на РМ бр. 38/96 од 31.07.1996г. Почнувајки од градежниот , комуналниот , земјоделскиот , јавниот , културниот , спортот и др. Па дури се дофати и до грижа за атмосферските води при обилни врнежи .
Јавните претпријатија со нивните мали но постојани месечни тарифни давачки кои дури се и незконски донесени или се без основа наметнати во побарувањата кон граганите . Изгледаат како паразити закачени на џебот на сите правни или физички лица кои имаат обврска месечно да ги подмируваат . Токму преку овие месечни убирања на сретства се вртаат милонски суми во контото на јавните претпријатија . Ваквиот процес не содејствува со препораките за реформи во поштествениот живот на државата и грганите дадени од ЕУ.
Во вакви услови бизнисмените и грганите се дискриминирани од правото да и тие вршаат одредени стопански дејности од јавен карактер како што е прилика во ЕУ. Односно преставката од член 3 од Законот за јавни претпријатија децидно ни наложува дека правните и физички лица можаат да вршат јавни дејности од јавен интерес , но на начин и под услови утврдени со овој и друг закон . Тогаш ајде да се запрашаме колку дејности од јавното комунално претпријатије се дадени на приватни бизнисмени и фирми ? Соодветни примери во некои од помалите општини дури и воопшто нема .
Ние во Граѓанско Демократската Унија сериозно размислуваме за интервенција и измена на законот за јавни претпријатија во член 3 . да се надополни модел преку кој ке се овозможи поголемо учество на бизнисмените и физичките лица во вршењето на стопанските дејности од јавен карактер . Со што ке ја намалиме моќта на претпријатијата и намалиме манипулацијата од штетните и непотребни месечни давачки за физичките и правни лица . За да преку конкурентноста на пазарот ( давајки ги ингеренциите на лицитација ) Приватните фирми се покажат со својот квалитет и стопанисувања за услугите на граганите.
Автор: Стојанче Зафиров, член на УК на ГДУ
