Захариева: Кампањата за еврото треба да одговори на сите прашања
Иако постојат одредени стравови, по првите шест месеци од влезот на Бугарија во еврозоната ситуацијата значително ќе се подобри, затоа што граѓаните ќе можат да ги видат придобивките. Ова го изјави европската комесарка за стартапи, истражувања и иновации Екатерина Захариева, откако Европскиот парламент даде зелено светло за пристапувањето на Бугарија кон еврозоната, јавува БГНЕС.
„Кампањата за еврото треба да даде одговори на сите прашања и да ја разјасни секоја дилема,“ препорача Захариева.
Таа ги повика граѓаните да се информираат од доверливи извори и апелираше до властите да обезбедат информациите да стигнат до што е можно поголем број луѓе.
„Разбирливо е што граѓаните имаат стравови и грижи, но важно е навремено да дојде точната и проверена информација до секого,“ порача Захариева.
