|

Деветгодишно дете стана најмладиот Бугарин што добил членство во Менса

Деветгодишниот Сава Троански од трето одделение во ОУ „Проф. Иван Батаклиев“ – Пазарџик е најмладиот Бугарин кој се стекнал со членство во Менса – најстарата и најраспространета меѓународна организација на луѓе со високо ниво на интелигенција. Тоа беше објавено на Фејсбук страницата на училиштето.

Менса моментално има над 100 000 членови од над 100 држави.

Сава Троански има повеќе од 50 златни медали по математика и природни науки, освоени на бугарски и меѓународни натпревари. Течно зборува руски и англиски јазик, програмира во Python. Се интересира за сѐ, велат неговите учителки.

Ужива да игра шах и компјутерски игри со своите пријатели. Не посетува и никогаш не посетувал воннаставни форми за дополнителна подготовка. Тестот на Менса му е лесен и мисли дека секој може да се справи.

Тестот што го положи малиот Сава е за возраст од 10-14 години. Со леснотија го покажа резултатот од 99 проценти и доби покана за членство во клубот, велат неговите наставници од ОУ „Проф. Иван Батаклиев“.



Слични Објави