|

Медицинска сестра Бугарка од Болград доби награда откако беше ослободена по поминати седум месеци во руско заробеништво

Медицинската сестра Лилија Џигова од Болград била заробена и ранета за време на војната.

Во Тарутино, Болградска област, беше организиран настан посветен на Денот на копнените сили во Украина, јави БТА.

Лилија Џигова, Бугарка од градот Тарутино, доби награда вредна 10 000 украински гривни. Наградата и беше врачена од локалниот општински совет, известија од Болградската окружна воена управа.

Како медицинска сестра на воено-медицинска компанија, таа била заробена за време на војната и ослободена по 7 месеци.

„И покрај тоа што била ранета, Лилија храбро го издржала заробеништвото, а сега е ослободена“, истакна во својот говор градоначалникот Сава Чернев.

Во рамки на прославата, почесни признанија им беа доделени и на други воени лица од Болградската област, во која има над 60 проценти бугарско население.

Слични Објави