|

Деветмина повредени во сообраќајка кај Зајас

Синоќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со белгиски национални ознаки, управувано од А.Х.(34) од селото Пласница и „ауди a2“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(40) од Кичево.

Притоа, возачот на возилото „ауди а2“ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.

Со телесни повреди се здобиле Л.Ј.(50) од селото Зајас, сопатник во возилото „ауди а2“, како и возачот на возилото со белгиски национални ознаки и сопатниците А.Ј.(54), Н.Н.(50), Н.Л.(38), Р.Н.(49) и А.Х.(46), сите од Пласница.

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

Извор: Temite



Слични Објави